| четврток, 6 декември 2018 |

За неа не постојат граници: Приказна за манекенката за долна облека која е родена без нозе

Кога ќе помислите на манекенки кои рекламираат долна облека, што прво ви паѓа на памет? Совршено обликувана коса? Нежна кожа? Извајано тело и пропорционални мерки? Ова се некои од стандардите кои важат за сите денешни убавици. Или барем за поголем број. Но постои и една манекенка која ги урива сите бариери и сѐ она што сме мислеле дека знаеме за убавина.

Kanya-Sesser-11

 

Нејзиното име е Канја Сесер. Оваа 23–годишна девојка од Тајланд е родена без нозе и како бебе била оставена пред будистички храм.  Во петтата година ја посвоила двојка од Портланд во Орегон. Таа сега живее во Лос Аџелес и заработува илјада долари на ден како манекенка за долна облека и во исто време ги урива сите предрасуди кај луѓето.

Kanya-Sesser-1

 

„Тоа е нешто многу забавно и ја покажува мојата приказна. Јас сум поинаква и тоа е секси. Не ми се потребни нозете за да бидам секси“, вели Канја.

Kanya-Sesser-8

Канја почнала да работи кампањи за големи модни куќи како што е „Билабонг“ на 15 години. Не поминало многу време и компаниите што произведуваат долна облека ја забележале и ја вклучиле во нивните рекламни кампањи и таа тука го најде својот позив.

Kanya-Sesser-5

 

„Уживам да заработувам пари од тоа и воедно да им покажувам на луѓето како може да изгледа убавината“.

Kanya-Sesser-6

Работела и за брендовите како што се „Најк“, „Рип Гурл“ и „Волком“, а својата линија ја одржува со возење скејтборд, скијање и сурфање. Таа не сака да користи количка, туку речиси секаде се вози со скејтборд.

Kanya-Sesser-3

 

А кога не позира во провокативна долна облека, вредно тренира за Параолимпијадата во 2018 година во дисциплина моно–скијање. Канја отсекогаш успешно ги надминувала сите пречки во животот, па немојте да се изненадите ако за неколку години ја видите и на трон во Јужна Кореја.

Kanya-Sesser-10

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top