| четврток, 6 декември 2018 |

Каде се криел Ратко Младиќ цели 14 години?

Обвинителството за воени злосторства на Србија по апсењето на Ратко Младиќцелосно разоткрило каде се престојувал бегалецот откако дошол во Србија на почетокот на 1997 година, па се до неговото апсењево мај 2011 година кога е уапсен.

Истрагата утврдила дека Младиќ имал неколку станови во Белград, а се криел и во околните села, касарни и воено одморалиште. Тој постојано гравитирал во близина на Белград, а најдалеку бил до Крагуевац, кое е оддалечено од главниот град 150 километри. Интересно е тоа што полицијата и Безбедносната агенција на 5 април 2007 година ги претресла сите објекти во Моштаница, освен еден во кој Младиќ бил во тој момент. Два дена подоцна, тој отишол во Лазарево кај неговиот роднина Бранислав Младиќ, каде е уапсен по четири години. Бранислав признал дека кај него се криел воениот злосторник за што добил условна казна.

Од 1997 година до ноември 2000 година се криел во военото одморалиште Рајац. Во истиот период го посетувал и неовиот стан на улицата Благоја Паровиќ во Белград. Од ноември 2000 до февруари 2002 година бил сместен во касарна во Крагуевац, а потоа до мај истата година во касарна во Крчмарим, кај Мионица. Две недели се криел во повеќе станови во Белград, за на 1 јуни 2002 година да замине во Сремска Митровица во селото Љуба. Таму бил се до 2005 година, кога повторно се враќа во Белград во стан на улицата Јури Гагарин. Од 26 јануари 2006 година до 7 април 2007 година е сместен во селото Моштаница во близина на Белград. Таму избегнал апсење за влакно, па се префрлил во селото Лазарево кај неговиот роднина Бранислав Младиќ каде беше и уапсен на 26 мај 2011 година.

До 2002 година војската му обезбедувала засолниште, храна и други потребни намирници. За тоа време се придржувал на воената дисциплина и само повремено одел на вечерни прошетки со син му покрај Сава. До 5 октомври одел и во ресторани и на натпревари.

За негова заштита бил формиран специјален Триесетти центар за обезбедување со 10 телохранители. Покрај нив, имал и кувар и келнер. Кога ги напуштил воените објекти, негови јатаци биле воените другари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top