| четврток, 6 декември 2018 |

Во Европа досега пристигнале повеќе од 500.000 емигранти преку Средоземно Море

мигранти

Од почетокот на годинава досега во Европа пристигнале 522.134 емигранти преку Средоземно Море, соопшти Меѓународната организација за миграција, со седиште во Женева.

Во обид да дојдат до европските земји животот го загубиле 2.892 лица.

Најмногу емигранти и бегалци пристигнале во Грција – 388.324, додека во Италија допатувале 130.891 лице.

Во Грција најголем број од нив се Сиријци и Авганистанци, а во Италија се државјани на Еритреја и на Нигерија.

Според податоците на меѓународната организација, од 17 септември бројот на емигрантите и на бегалците е зголемен во Европа речиси за 49.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top