Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска ќе го посети Министерството за надворешни работи и ќе има работна средба со министерот Никола Попоски и со политичките директори во Министерството.
На средбата претседателот Иванов ќе биде информиран за текот на подготовките поврзани со претседавањето на Република Македонија со двете регионални иницијативи – Процесот за соработка во Југоисточна Европа и форумот посветен на Дијалогот на цивилизациите, како и за подготовките за претстојните самити, чијшто домаќин ќе биде Македонија.
Ова е трета посета на претседателот Иванов на Министерството за надворешни работи, што се реализира најмалку еднаш годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил