| четврток, 6 декември 2018 |

Русија воведува забрана за украински летови

русија

Русија соопшти дека од 25 октомври ќе го затвори својот воздушен простор за украинските авионски компании.

Станува збор за одговор на иста таква мерка, што Укрина претходно ја воведе за две руски авиокомпании.

Врз основа на инструкции на рускиот премиер Дмитриј Медведев, од руската Федерална сообраќајна агенција е побарано да ги информира украинските авиокомпании кои летаат за Русија дека од 25 октомври ќе им биде забрането да го користат рускиот воздушен простор, јави „ТАСС“.

Ваквата мерка претставува одговор на минатонеделната одлука на украинските власти, кои им забранија на руските компании „Аерофлот“ и „Трансаеро“ да летаат за Украина од 25 октомври. Украинските власти, исто така, забранија и руски транзитни летови, ако авионите превезуваат воен персонал или стоки со двојна намена.

Украинскиот претседател Петро Порошенко на 16 септември ја прошири листата на санкции против руски компании и личности за уште 400 службеници и 90 компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top