| четврток, 6 декември 2018 |

Седум намирници кои докажано го продолжуваат животот

Седум намирници кои научно докажано го продолжуваат животот и го подобруваат здравјето се:

1-55

1. Чили пиперчиња

Истражување во кое учествувале речиси половина милион луѓе покажало дека луѓето кои јадат зачинета храна шест до седумпати во неделата, имаат 14 отсто помал ризик од прерана смрт, заболување на срцето и болести на дишните канали. Истражувањата покажале дека е доволно и двапати во неделата да јадете зачинета храна, резултатите ќе бидат исти.

2. Сладок компир

Слаткиот компир е полн со витамин Ц, Д и А, а тоа се витамини кои му се потребни на вашето тело секој ден. Содржи и голем процент на бета-каротен и на алфа-каротен.

3. Темна чоколада

Полна е со антиоксиданси, ја подобрува циркулацијата и е добра за урамнотежување на холестеролот и го намалува крвниот притисок. Но, премногу чоколада не е добро. Доволно е две до четири коцки чоколада на ден.

4. Лосос

Рибата како лосос, туна и сардина се вистински рудник на киселините омега 3. Овие масни киселини го штитат срцето и го намалуваат ризикот од мозочен удар. Од друга страна, витамините А и Д го подобруваат имунолошкиот систем.

5. Јаболка

Влакна, антиоксиданси и витамин Е се причина зошто јаболката се секогаш здрав избор. Истражувањата покажуваат дека тие го продолжуваат животниот век за десет проенти. Жени кои редовно јадат јаболка имаат 13-22 отсто помал ризик од срцеви болести.

6. Боровинки

Боровинките се богати со антиоксиданси кои се важни за одржување на здрави мускули и на мозочните функции.

7. Кељ

Зелен лиснат зеленчук како кељ или како спанаќ содржи големи количини витамин А, Ц и калциум, како и флавонид кој се бори против клетките на ракот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top