Новиот калчолигаш Фросиноне, се запиша во историјата со првата победа во Серија А во Италија. Фросиноне за првпат игра во најсилната фудбалска лига на чизмата, а вчеравечер го надигра Емполи и славеше со 2-0.
Диониси и Содимо ја погодија мрежата на Скорупски, доволно за првите три бода на Фросиноне во Првата италијанска лига. Гостите од Емполи по примените голови останаа и со фудбалер помалку по исклучувањето на Сапонара и поразот беше неминовен. Двете екипи со по четири бода се во долниот дел на табелата во Серија А по шест одиграни натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.