| четврток, 6 декември 2018 |

Огромна дупка проголта дел од плажа во Австралија

Луѓето што кампувале на плажата „Виножито“ во Квинсленд, Австралија, морале многу брзо да ги соберат своите работи и да избегаат од делот на плажата, која за неколку минути исчезнал три метри под површината на морето.

more

Никој не е повреден во инцидентот, но некои не биле доволно брзи за да ги извлечат возилата и камп-опремата, па неколку автомобили и шатори  сега се три метри под водата. Дупката што се отворила проголтала околу 200 метри од плажата на која се наоѓал шаторски камп, пренесува „Еј-Би-Си“.

Очевидците велат дека додека се одморале забележале дека песокот брзо им се губи пред очи. Едвај успеале да ги соберат рботите, да ги стават во возила и да избегаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top