| четврток, 6 декември 2018 |

Нов рекорд: Тенисерка сервираше 31 ас во официјален меч

Британската тенисерка Наоми Броди го собори светскиот рекорд сервирајќи дури 31 ас во меч на Челинџер турнирот во Албукерки, вреден 75.000 долари.

Броди до овој резултат стигна во финалето на турнирот кое сепак го загуби од Михаела Крајчек со 2:1 во сетови, во меч кој траеше два часа и четириесет и пет минути.

Наоми Броди е 25-годишна тенисерка од Стокпорт Англија, а претходниот рекорд го држеше многу попознатата Сабине Лисицки од Германија, која имаше сервирано 27 аса на еден меч од ВТА турнир во Бирмингем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top