| четврток, 6 декември 2018 |

По пад од тераса, загина петгодишно девојче од Струга

Петгодишно девојче вечерва почина при пад од тераса во Струга.

Според првичните информации од МВР, девојчето паднало од петтиот кат во зградата каде што живеело со семејството на улицата „Ристо Крле“ во Струга. Незгодата од засега непознати причини се случила пред 19 часот.

Медицинска екипа од Струшката болница констатирала смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top