| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова го предаде првиот меч во Вухан

Марија Шарапова го заврши учеството на ВТА турнирот во Вухан, откако го предаде мечот од второто коло против Барбара Стрицова од Чешка.

Мечот го предаде во третиот сет при резултат 1:1.

Ова беше нејзин прв настап по пауза од 10 недели поради повреда.

Шарапова беше втор носител на турнирот заради што беше слободна во првото коло.

Турнирот во Вухан, Кина се игра за награден фонд од 2,2 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top