На еден моден дизајнер инспирација може да му биде случка од неговиот живот, спомен од детството или пак, убава жена. Во случајот со италијанскиот моден бренд „Долче и Габана“, инспирацијата за последователната година му доаѓа од родната земја, во сите нејзини димензии, култура, знаменитости и традиции.
Доменико Долче и Стефано Габана ги свртуваат погледите кон своите корени и моделите на облеката се со бројни италијански елементи, гондоли, споменици и катедрали.
Многу градови од Италија, како Рим, Пиза, Капри, Портофино, реонот на Амалфи, заземаат своето место во новата колекција.
Обетки-лимони, чанти со бројни и шарени реси, доминираат во додатоците, а водечката комбинација на бои, како и во минатите колекции, останува црна и црвена.
Оваа година, модната марка вклучила и натписи како елементи на облеката, кои ја издигаат Италија на пиедестал („Италија е Љубов“, „Сладок живот“ и „Италија засекогаш“).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.