| четврток, 6 декември 2018 |

Оливер Стоун во мај доаѓа на фестивал во Загреб

На шестиот по ред филмски фестивал Subversive, кој ќе се одржи од 4 до 18 мај во Загреб, ќе гостува познатиот холивудски режисер и добитник на три Оскари, Оливер Стоун.

Во ревијалниот дел на фестивалот, премиерно ќе се прикажат десет епизоди од документарна серија „Нераскажаната историја на САД“ на Стоун. Овој проект според него е еден од најамбициозните документарни проекти што некогаш ги направил.

Иако е најпознат по играните филмови, во оваа документарна серија Стоун ќе зборува за неговите политички активности на тркалезна маса, на која игра покрај Тарик Али.

Овогодинешната тема на фестивалот е Утопија на демократијата, па Subversive има за цел да им понуди сериозна дискусија на општеството и политичките активисти за напредокот и локалните и глобални промени на моќта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top