| четврток, 6 декември 2018 |

Гран-при во Варна за документарниот филм „Заборавените“ на Константин Плевнеш

На престижниот меѓународен фестивал „Арт Амфора“, кој по 15. пат се одржа во Варна, Бугарија од 24 до 27 септември, а третира телевизиски и филмски програми работени за деца и за младинци, Универзитетот за аудиовизуелни уметности доби три награди.

unnamed (11)
Документарниот филм „Досие НЛО” работен по сценарио и режија на Ирена Каровска доби специјална награда, награда за камера му беше доделана на Александар Терпини за документарниот филм „Рокументарец“, а посебно изненадување за жири-комисијата предизвика документарниот филм „Заборавените“ на Константин Плевнеш, кој доби Гран-при.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top