Европската комисија денеска не негира дека е можно да се разговара за поставување на „жешки точки“ за прием и за регистрација на бегалци и во Македонија и во Србија за време на Балканската конференција за балканската маршрута, што на 8 октомври ќе се одржи во рамки на Советот за внатрешни работи на Европската унија во Луксембург, јавува „МИА“ од Брисел. На конференцијата, освен министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ, ќе бидат и нивните колеги од Западен Балкан, плус шефовите на дипломатиите на земјите-кандидати.
Портпаролката на Еврокомисијата, Наташа Берто, денеска само потврди дека на овој Совет на Унијата ќе се усвојува листата со безбедни земји по потекло, на која се сите земји-кандидати за членство во ЕУ, вклучително и Македонија, но во однос на други прашања, посочи само дека „Комисијата ќе стави сѐ на маса“.
– Една од работите што веќе е на маса е листата на безбедни земји по потекло за земјите од Западен Балкан и за ова ќе се дискутира со нив. Во однос на други предлози што ќе дојдат во рамки на европската агенда за емиграција, мислам дека ви се познати сите. Ние сѐ што имаме ќе ставиме на маса. На оваа конференција ќе се обидеме да разговараме со земјите од Западен Балкан за да видиме како ќе можеме и на нив да им помогнеме – истакна Берто.
Гласноговорничката на неформалната Влада на Унијата, потврди дека минатата недела, Брисел вети дека ќе ја зголеми паричната и финансиска поддршка што ќе ја даде за земјите што не се членки на ЕУ, но се погодени од бегалската криза, при што е познато дека Турција ќе добие една милијарда евра, а Македонија и Србија ќе поделат 17 милиони евра.
– На оваа конференција низ дијалог ќе истражиме со нив што уште можеме да сториме за тоа. Но, засега немам листа на нови предлози за да ви ги дадам – додаде портпаролката Берто.
За тоа дали конечно ќе се усвои листата на Европската унија за „безбедни земји по потекло“, каде се сите земји-кандидати, вклучително и Македонија, што ќе значи во иднина брзо одбивање на азилантски барање на државјани на овие земји, поради фактот што државите ќе се прогласат за безбедни, гласноговорничката на Еврокомисијата со потврден одговор дека тоа ќе биде на агендата на Советот за внатрешни работи на 8 и 9 октомври кога се очекува министрите за внатрешни работи да дискутираат и листата да биде усвоена.
Според информации во Брисел, можно е ЕУ да побара и од земјите-кандидати, пред сѐ од Македонија и Србија, кои се на главната маршрута на бегалците од арапскиот свет, да организираат т.н. „жешки точки“, а по предлог на Србија, се размислува и овие земји да бидат вклучени во распределбата на бегалците, што за 120 илјади од нив, Унијата веќе го стори минатата недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)