Еден од најконтроверзните научници на XX век, исклучителниот австриски невролог и психолог Зигмунд Фројд, денес се учи на сите универзитети во светот. Во неговиот живот некои го сметаат за шарлатан, други за гениј.
На пример, Коко Шанел, го нарекува „првиот маж феминист!“. Таа сметала дека Фројд со аргументи ја испровоцирал сексуалната револуција, дека тој е неофицијалниот идеолог на оваа револуција и е инспирација жените да побараат слобода од сфаќањата во еден машки свет.
Работата на Фројд во барем две насоки го прави бесмртен како научник, неговите истражувања над соништата и откритието на потсвеста. Неговите мисли и поглед кон однесувањето на човекот до денес ни откриваат повеќе за нас самите и ги објаснуваат постапките на многумина, со кои сме опкружени.
Можеме да ја погледнеме сопствената личност, низ призмата на неговите ставови. Како?
На пример, кога ќе оцениме каде сме и како се чувствуваме (или како се чувствуваат други), во согласност со следниве постулати на Фројд:
“Големината на вашата личност е определена од големината на проблемите кои успеваат да ве натераат да излезете надвор од рамнотежа. ”
“Пред сами да се дијагностицирате со депресија и деградирана самопроценка, уверете се дека не сте опкружени со идиоти.”
“За сексуална девијација може да се смета само тотален недостаток на секс. Сето останато е прашање на вкус.”
“Во моментот, кога човекот почнува да размислува за значењето и вредноста на животот, може да почне да се смета дека егото боледува.”
“Идеална, вечна, чиста од омраза љубов, постои само помеѓу зависникот и дрогата.”
“Колку по беспрекорно изгледаат луѓето однадвор, толку поголеми се демоните внатре во нив.”
“Кога ме критикуваат, јас можам да се заштитам, но сум немоќна пред пофалбите.”
“Ние никогаш не сме толку ранливи како кога сакаме, и никогаш не сме толку безнадежно несреќни, како кога губиме љубов.”
“Првиот знак на глупост е комплетен недостиг на срам.”
“Луѓето се по морални отколку што мислат и далеку по неморални, отколку што можете да замислите.”
“Секој нормален човек на светот е само делумно нормален.”
“Понекогаш една пура е просто само пура.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.