Белградските хотели издаваат соби по пониски цени одколку што се кириите за станови или куќи.
Простата математика што ја направиле медиумите кај северниот сосед, покажува дека двокреветна соба од 20 квадратни метри во хотелот „Славија“ во Белград чини 219 евра месечно. Во цената се вклучените сите режиски трошоци, плус кабелска телевизија и интернет, како и промена на постелнината еднаш неделно. Доколку двајца цимери земат ваква соба им доаѓа да платат по 109 евра, а кирија за стан во Белград со истата големина и трошоци е 130 евра.
Некои хотели за студентите даваат и попуст за храна, па така во Славија еден оброк за нив чини 3,13 евра.
Слични понуди има и хотелот „Србија“ и уште многу други хотели во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.