| четврток, 6 декември 2018 |

Прво признание за трговијата со органи на Косово

Еден од деветтемина обвинети за нелегална трговија со органи во клиниката „Медикус“ на Косово, денеска се изјасни за виновен за нелегални медицински активности.

Дритон Јиљта, кому му се суди за нелегална тровија со бубрези, се изјаснил за виновен по обвинението, во кое се товари за злоупотреба на службената должност и авторите, како и нелегална медицинска активност.

– Извесетен сум за последиците од моето изјаснување и која казна ќе ја добијам – рекол тој пред судот во Приштина.

medikus

Клиниката „Медикус“ која е затворена во 2008 година кога и почна истрагата, беше спомената во извештајот на Дик Мартин, како соработник на припадниците на Ослободителната војска на Косово, во трговијата со органи на киднапираните Срби и други заробеници во текот на 1999.

Покрај Србите, сиромашни луѓе од Турција, Русија, Молдавија и од Казакстан се привлекувани да дојдат во клиниката со лажни ветувања дека ќе добијат и до 15.000 евра за своите органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top