| четврток, 6 декември 2018 |

Осум часа седење е погубно за целото тело

Долго време се веруваше дека претерано седење е штетно само за ’рбетот, но новите научни сознанија потврдуваат дека тоа е погубно за целиот организам. Неколку студии покажале дека постои вреска меѓу долгото седење и опасноста од тешки болести, дури и предвремна смрт кај третина од луѓето кои како што покажуваат статистиките, минуваат во седење повеќе од 10 часа дневно.

Sedenje-box

Најопасни болести кои се резултат на долго седење се дијабетес и срцени болести, заклучиле научниците на Универзитетот во Лестер, на учестуваче 800 илјади луѓе.

Дури и за оние кои вежбаат седењето е лошо. Прво страда ’рбетот, поради лошо држење се јавуваат силни болки во рамената, вратот и грбот. Се таложат килограмите. Претерано седење го успорува метаболизмот и предизвикува промени на телесните функции, што доведува до зголемена телесна маса. Се зголемува и нивото на холестеролот во крвта.

Студиите покажале и страда панкреасот, а постои и врска помеѓу долго седење и рак на дебелото црево, канцер на дојка и рак на еднометриумот, како и проблеми со грбот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top