| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Хрватска има двојни стандарди за бегалската криза

­ Хрватска во решавањето на бегалската криза има двојни стандарди, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, барајќи од хрватските власти да се занимаваат со својата земја и Србија да не им биде глвана земја и главна цел во политичката кампања.

aleksandar-vucic-1361309551-270601

 

Вучиќ синоќа во интервју за хрватската телевизија Ер­-Те- Ел изјави дека пет и пол месеци луѓето преку Србија одеа во Унгарија и дека за Хрватска тоа тогаш не било тема, нити пак барала еднаков пристап. ­

– Вие имате различни аршини. Еднаш ви се допаѓа, а друг пат не. Јас тука не можам да помогнам и тоа со Србија нема никаква врска. Само оставете не на мира. Ништо не бараме од вас, истакна српскиот премиер.

Вучиќ на прашањето што ќе направи за подобрување на вака нарушените односи, одговори дека Србија веќе сторила се. ­

– Ние направивме се, од истата секунда ги укинавме нашите мерки откако вие ги укинавте вашите. Нашата земаја е отворена за сите хрватски граѓани. Ние немаме никакви забелешки на вас, ние не зборуваме ништо против вас, не сме заинтересирани за вашата изборна кампања, нагласи тој.

Вучиќ повторно истакна дека Србија е подготвена за соработка со сите и дека е подготвена да соработува со Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top