| четврток, 6 декември 2018 |

Борусија Дортмунд испушти победа во последната минута

Borusija

Екипата на Борусија Дортмунд втор натпревар по ред не успева да победи, а во тоа вечерва ја спречи Дармштад со гол во 90. минута по што „милионерите“ се оддалечија од лидерот Баерн на четири бодови.

Дармштад прв дојде во водство во 17. минута преку Марсел Хелер. Следуваа два погодока на Пјер-Емерик Обамејанг (63. и 71. минута), за конечните 2:2 да ги постави Ајтак Сулу.
 
Без победник заврши и другиот неделен дуел од седмото бундеслигашко коло. Ајнтрахт Франкфурт и Херта одиграа 1:1.
 
Резултати на другите натпревари одиграни во петокот и саботата:
Келн – Инглоштад 1:1,
Волфсбург – Хановер 1:1,
Штутгарт – Борусија Менхенгладбах 1:3,
Аугсбург – Хофенхајм 1:3,
Вердер – Баер Леверкузен 0:3,
Мајнц – Баерн Минхен 0:3,
Хамбургер – Шалке 0:1.
 
Табела:
Баерн Минхен 21 бод,
Борусија Дортмунд 17,
Шалке 16,
Волфсбург 12,
Баер Леверкузен 12, Келн 11,
Инглоштад 11,… 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top