| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 5.500 бегалци дневно ја минуваат македонско-грчката граница

Migrants in FYROM
Околу 5.500 мигранти, од кои повеќето Сиријци, дневно ја минуваат границата меѓу Грција и Македонија во правец кон богатите земји од северна и западна Европа, изјави претставник на грчка хуманитарна организација, јави БТА.- Околу 60 отсто од тие мигранти се Сиријци- изјави Василис Царцанис, член на локална организација, која им пружа помош на мигрантите.

Според невладината организација „Лекари на светот“, мнозинството од мигрантите сакаат да стигнат до Германија или скандинавските земји.

Северното грчко село Идомени до границата со Македонија е главниот пункт за преминување на тие мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top