Надгледувана група од 952 деца имала дополнителни 40 минути активности на отворено секој ден, а децата во контролната група (или 951 дете) ја имале својата вообичаена дневна рутина.
Истражувачите така почнале со тестирање на ученици за да откријат каков било знак на миопија.
Во истражувањето кое го водело група научници од Офтамолошкиот центар Жонгшан во Гвангжу, и во кое биле вклучени околу 1900 деца од цела Кина, забележано е дека на оние деца на кои им било кажано да поминуваат повеќе време надвор во текот на три години се имаат 23 проценти помалку шанси да добијат кусогледост отколку оние деца кои останувале во затворени простории.
Засега не постои никаква ефикасна интервенција за да се спречи почетокот на кусогледост, но некои понови студии укажуваат на тоа дека времето поминато надвор може да го успори развојот на состојбата.
Кусогледоста или миопија, е способност да се гледаат блиски предмети појасно отколку оние поодалечените. Разликите претходно не била забележана, велат авторите на студијата, предводени од д-р Мингуанг Хе од Универзитетот Сун Ја-цен во Гуангжу.
Во текот на истражувањето, 259 деца од 853 (или 30 проценти) во надгледуваната група, и 287 од 726 (40 проценти) во контролната група, било оценето дека имале миопија – односно со рефрактивна грешка од скоро 0,5 минус диоптер по извршени очни прегледи.
– Ова е клинички важно, затоа што мали деца кои порано развиле миопија имаат големи шанси да добијат повисока миопија, со што се зголемува ризикот од патолошка миопија.
Истражувачите не испитале зошто времето поминато надвор може да го заштити видот, но некои експериментални трудови наведуваат дека поголемата светлина надвор во извесен случај може да ја сопре миопијата.
Не е точно јасно зошто поминато повеќе време надвор ќе биде од корист за видот кај децата, велат научниците.
– Научниците за вид одамна се сомневаат дека продолжените визуелни напори се ризичен фактор за развој на миопијата, изјави Кристофер Квин, претседател на Омни ај сервисес во Иселин, Њу Џерси, и член на лекарскиот тим на Универзитетската болница Роберт Вуд Џонсон, во интервју за дневниот весник Ар-екс њуз.
Родителите на децата од надгледуваната група биле упатени да поттикнуваат активности надвор по училиштето, за време на викендите, и преку празници. Тие забележале дека младите деца кои развиле миопија имаат побрз развој отколку кај постарите адолесценти, но дека сепак дополнителни вежби надвор имаат долгорочни предности.
За да се максимизира бенефитот, училиштата во Кина треба да го зголемат времето поминато надвор, вклучувајќи ги и распустите, и да се поттикнат родителите да ги изнесуваат децата за време на викенди, рече тој. Сепак, тој укажува на важноста од заштита на кожата и очите кај децата од УВ зраци, што може да биде штетно.
Американската академија на педијатри препорачува децата да останат во засенчена околина секогаш кога е тоа можно, да носат капа и да користат сончева заштита од поширок спектар. „Иако препораките за овој пристап со намера да се помогне да се спречи миопијата изгледаат како неризични, родителите сепак треба да разберат дека постои веројатност магнитудата од ефектот да биде мала, а издржливоста неизвесна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст