| четврток, 6 декември 2018 |

На 18 години доживеал инфаркт – се пониска старосната граница на срцеви заболувања во земјава

srce
Болни од срце и на тинејџерска возраст. Најмладиот пациент во Македонија кој доживеал инфаркт имал само 18 години. Во кардиолошките болници во земјата се повеќе лекуваат 20 и 30 годишни со кардиоваскуларни заболувања за разлика од пред десетина години кога тоа било својствено за постари од 55. Според статистичките податоци на ИЈЗ и лани има над 11 000 починати од овие заболувања со што трендот на смртност во Македонија е се уште далеку од просекот во европските земји.

Да старосната граница е многу намалена, се повеќе млади заболуваат од овие заболувања и затоа мора да работиме на подигнување на свеста, вели Зоран Митев од здружението Здрава Иднина

Најмладиот кај нас имаше 21 година. многу работи влијаат на тоа. Читав некои податоци дека порано нивото на срес кај 50годишен е исто како сега кај средношколци. Мора да се работи, вели др. Гоце Тошески од Филип Втори

Лекарите велат дека во Македонија е зајакната превентивата од кардиоваскуларни заболувања како и третманот во болниците. Но бројките на заболени и починати не го покажуваат тоа. Од ИЈЗ очекуваат за неколку години да бидеме во чекор со развиените земји. Дотогаш им порачуваат на граѓаните да не пијат, без цигари и стрес и повеќе вежбање ако сакаат здраво срце.

-Секако дека може да се влијае, без цигари, помалку масна храна а повеќе храна збогатена со овошје и зеленчук и повеќе физички активности, изјави Елена Ќосева од ИЈЗ

И додека граѓаните бараат начин како да не се нервираат и да водат здрав живот, срцевите заболувања се уште се на прво место за смртност во Македонија.
Извор: Здравство 24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top