| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со грозје – за 4 дена, 5 килограми помалку

grozje11

Ако сакате да го прочистите вашето тело, започнете диетален режим на исхрана. Ова е диета со која се активира „заспаниот“ метаболизам.

Не е лесно придржувањето на одреден режим на исхрана, а исто така, диетата не успева кај секого. Токму затоа оваа диета е идеална. Трае само четири дена, не сте гладни, а може да изгубите и до 5 килограми.

Покрај тоа можете да научите и неколку трикови, како најдобро да го комбинирате грозјето со други намирници. Пробајте, ќе се уверите дека ова е многу интересна диета!

Кога го купувате грозјето, одберете сорта со семки бидејќи тоа содржи повеќе полифеноли кои помагаат во подмладувањето на организмот. Грозјето го освежува организмот, го чисти и го снабдува со многу хранливи материи.

1.ДЕН

Појадок:

Во голем сад ставете една лажица овесни снегулки, претходно натопени преку ноќта. Потоа додадете половина портокал исечкан на коцки, 250 мл јогурт, 100 г грозје. Измешајте и изедете.

Ручек:

200 г тиква исечкајте ја на коцкички и кратко пропржете на малку путер, да омекне. 100 г грозје (зрната пресечени на половина), 100 г зелена салата. Сите состојки измешајте ги. Одозгора додадете една лажица ситно исечкани ореви.

Вечера:

Вечерата е резервирана за овошна салата и пилешки гради (бело месо). Измешајте 100 г зрна грозје, 50 г ананас исечкан на коцки, додадете сок од грозје и малку вода по потреба. Пилешките гради издинстајте ги на вода.

2.ДЕН

Појадок:

Измешајте 250 г јогурт со супена лажица лимонов сок и додадете 150 г грозје.

Ручек:

Сварете пет лажици интегрален ориз и трипати повеќе вода. Додадете две лажици иситнето месо од вашата омилена риба, пропржена на малку маслиново масло. Во сето тоа додадете 150 г грозје.

Вечера:

Сварете 100 г компир, 1 морков и 1 помал целер, околу 15-тина минути. Зачинете по сопствен вкус со зачински билки. Потоа изедете 250 г свежо црно грозје.

3.ДЕН

 Појадок:

Ставете во блендер 100 г посно сирење и 150 г грозје па измиксајте.

Ручек:

250 г риба, 150 г брокула и една главица кромид. Од овие намирници направете чорба. После тоа изедете 150 г грозје.

Вечера:

Направете желе од грозје: 250 мл гроздов сок, 50 г зрна од грозје, половина јаболко, 5 г желатин. Измешајте го желатинот со малку вода, оставете да отстои, а потоа додадете го гроздовиот сок, па мешајќи додадете ги парчињата јаболко и зрната од грозје исечени на половина. Оставете еден час во фрижидер да излади.

4.ДЕН

Појадок:

На едно парче леб намачкајте посно сирење. Потоа изедете 200 г грозје.

Ручек:

Направете палачинки со грозје: 3 лажици брашно, половина чаша вода и едно јајце. Испечете ги палачинките и наполнете ги со мешавина од: 1 лажица минерална вода и 200 г смелено грозје.

Вечера:

Направете гулаш од мисиркино месо со печурки. Пропржете го месото исечкано на тенки парчиња. Сварете 100 г брокула 2-3 минути, а во меѓувреме еден поголем морков исечкајте го на помали кругови. Две поголеми печурки исечкајте ги на листови.

Сите состојки ставете ги во сад и додадете половина чаша зеленчукова супа па гответе околу 10 минути. При крај додадете 60 г црно грозје и две лажици кисела павлака.

Извор: НМД

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top