| четврток, 6 декември 2018 |

Виљареал нов лидер во Примера

Viljareal-640x426

Виљареал го победи Атлетико Мадрид и се искачи на првата позиција во Шпанското фудбалско првенство оставајќи ги зад себе големите претенденти за титулата Барселона и Реал Мадрид.

Синоќа победа на домашен терен забележа и Севиља, а Селта одигра само нерешено со Еибар и пропушти шанса да биде на врвот на табелата.

Постигнати резултати на досега завршените натпревари од 6.коло:
Валенсија – Гранада 1:0,
Барселона – Лас Палмас 2:1,
Реал Мадрид – Малага 0:0,
Севиља – Рајо Валекано 3:2,
Виљареал – Атлетико Мадрид 1:0,
Еибар – Селта 1:1.

Неделната програма во Примера ја сочинуваат:

Спортинг Хихон – Бетис,
Депортиво Ла Коруња – Еспањол,
Хетафе – Леванте,
Реал Сосиедад – Атлетик Билбао.

Табела:
Виљареал 16 бодови,
Барселона 15,
Реал Мадрид 14,
Селта 14,
Атлетико 12,…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top