| четврток, 6 декември 2018 |

Напитоци кои го топат салото со неверојатна брзина

salo na stomak

Постојат неколку безалкохолни напиоци кои ефикасно помагаат при топењето на масните наслаги. Ова е листата од четири напитоци кои го намалуваат обемот на стомакот:

АРОМАТИЗИРАНА ВОДА

Ако консумирате поголема количина вода, вие му помагате на вашето тело успешно да го одржува балансот на течностите, со што се оневозможува задржување на водата во организмота а притоа обезбедувате чувство на ситост.

Ако не ви се допаѓа идејата постојано да пиете обична вода, тогаш додадете некоја зачинска билка (нане или босилек), цитруси (лимон, портокал, цитрон, лимета) и други нискокалорични, природни засилувачи на вкусот (можете да користите дури и исечкана краставица).

ИЗЛАДЕН ЧАЈ ОД НАНЕ

Нането благотворно делува врз желудникот и помага во дигестијата на мастите, (успешно помага во дигестијата на масните намирници од животинско потекло), со што го спречува надувањето на стомакот.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Како силен антиоксидант, зелениот чај значително го намалува ризикот од карцином и срцеви заболувања. Покрај тоа, истражувањата покажаа дека катехините кои ги содржи зелениот чај, успешно помагаат во намалување на масните наслаги.

Ако пиете зелен чај пред вежбање, овие соединенија ќе го зголемат согорувањето на мастите во текот на физичката активност.

ШЕЈК ОД ТЕМНО ЧОКОЛАДО

Чоколадото, особено со висок процент на какао (70%), помага во намалувањето на апетитот и желбата за постојано грицкање. Можете да го пиете наместо појадок.

Извор: nmd.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top