| четврток, 6 декември 2018 |

Први воздушни напади на Франција врз позиции на ИД во Сирија

is-fighters-in-tikrit-afp-650_650x400_61426225285
Француските власти соопштија дека по првпат извршиле воздушни напади врз позиции на Исламска држава во Сирија.

Во соопштението на канцеларијата на францускиот претседател се наведува дека во нападите се погодени цели идентификувани за време на извидувачките мисии спроведени за време на последните две недели.

Операцијата „борба против терористичката закана“ на Исламска држава е извршена во координација со регионалните партнери, се наведува во кусото соопштение.

Француски воени авиони досега вршеа воздушни напади врз позиции на ИД во Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top