| четврток, 6 декември 2018 |

Создавачите на Фејсбук и на Мајкрософт ќе се борат за универзален пристап до Интернет до 2020

Facebook Settlement
Создавачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Зукерберг и шефот на компјутерскиот гигант Мајкрософт Бил Гејтс ветија дека ќе вложат ресурси за реализирање на една цел, односно развивање на универзален пристап до Интернет до 2020.

Намерата е изразена во декларација, претставена од Зукерберг и Гејтс на средбата на врвот за одржлив развој, што се одржува во ОН во Њујорк.

Под декларацијата потписи ставија и коосновачот на Википедија Џими Вејлс и пејачот Боно. Тие, меѓутоа, не истакнаа колку пари ќе дадат за оваа цел.

Иницијативата ќе биде впишана во стратегијата, која содржи 17 цели за одржлив развој и искоренување на сиромаштијата во светот до 2030, усвоена вчера во ОН

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top