| четврток, 6 декември 2018 |

Рудан: Ова што се случува со мигрантите е пред сѐ војна на САД против Европа

САД и европските држави со години неказнено убиваа, за тоа денес му наплаќаат на Европа, но не и на Америка, смета позната хрвтаска колумностка, новинарка и писателка Ведрана Рудан.

– Таа е далеко. Таа отсекогаш била крвник, но никогаш досега не одговарала за милионите отсечени глави ширум светот. Ми се гади да пишувам за тоа. Ме фрустрира што на овој свет само Америка е постојана – вели Рудан во интервју за „Блиц“.

Според неа, оние кои се најмногу одоговрни за кризата бегаат од последиците додека сиромашните балкански земји го носат целиот товар.

– Ова што се случува со мигрантите е пред сѐ војна на САД против Европа. Американците повторно се здружија со богатите Арапи кои не ги сакаат своите сонародници во своите држави. Уште повеќе, тие им плаќаат да бегаат од Европа – анализира таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top