| четврток, 6 декември 2018 |

И лифтовите се на мака со дебелината на славниот актер

Според пишувањето на порталот „Прованс“, актерот Жерард Депардје со уште две лица вчера неколку минути бил заглавен во лифт, а причина за застојот била прекумерната тежина на актерот.

depardieu_3060378b

Инцидентот се случил во јужниот француски град Марсеј каде Депардје ја снима тв -серијата „Marseille“, во продукција на компанијата за продукција за стримиг услуги „Нетфликс“.

Одејќи на снимањето во зграда во центарот на градот, славниот актер кој во серијата го игра Робер Таро, долгогодишен градоначелник на Марсеј, влегол во лифтот во придружба на својот телохранител и уште една личност.

Набргу кабината во која може да влезат 4 луѓе со просечна тежина се заглавила помеѓу два ката.

По неколку минутна нервоза и неколку повици за помош, актерот и неговите двајца придружници биле извлечени од лифтот, наведува порталот „Прованс“.

Серијата ќе има 8 епизоди, а ќе почен да се прикажува од март 2016 година. Дејствието на серијата го следи „вечниот градоначалник“ Таро кој на локалните избори се соочува со младиот, бескурполозен соперник со големи амбиции. Во нивната борба за власт управуваат интересите на баронот за дрога, корумпирани политичари и синдикати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top