Кинескиот претседател Кси Џинпинг објави денеска во Њујорк дека неговата земја ќе создаде фонд за помош за развој на сиромашните земји.
Пекинг ветува првично да внесе во тој фонд две милијарди долари, за да помогне на земјите во развој да применат стратегија за одржлив развој, усвоена вчера за наредните 15 години.
– Кина ќе продолжи да ги зголемува инвестициите во најмалку развиените земји, истакна Џинпинг и рече дека целта на земјата е да ја зголеми за 12 милијарди долари вкупната вредност на инвестициите во тие земји до 2030 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.