| четврток, 6 декември 2018 |

Никогаш не сте премлади за мозочен удар

Поголемиот дел од мозочните удари се случуваат околу 65-тата година или подоцна, но сепак, околу 10 отсто од ударите им се случуваат и на оние што сеуште не навлегле во 45-тата година и тоа почесто на жените отколку на мажите.

glavobolka-mozocen-udar-2309-300x202

Во Америка годишно повеќе од 100.000 жени под 65 години добиваат мозочен удар. Постојат неколку причини зошто жените се поизложени на ризик од мажите.

Покрај факторите на ризик што се заеднички за двата пола како што е пушењето, високиот притисок, високиот холестерол и дијабетесот, некои фактори ги имаат само жените вели Ендрју Стемер, директор на Програмата за мозочен удар од Медтар Џорџтаун Јуниверзити Хоспитал.

Еден од факторите е бременоста, особено во третиот триместар и една недела по породувањето. Тоа има врска со хормоналните промени и затоа што по породувањето жените повеќе мируваат, протокот на крвта е забавен па жените се поподложни на создавање на згрутчувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top