Норвешкиот власти започнаа истрага за да се утврди дали скандалот поврзан со манипулирањето со тестовите за мерење на штетните гасови во возилата на Фолксваген со дизел мотори, има влијание во Норвешка.
Норвешката агенција за економски криминал, објави дека ќе испита “дали е сторено слично кривично дело и во Норвешка и дали оваа измама, има влијание врз возила кои се увезени во земјата“.
Агенцијата вели дека се работи на случајот заедно со царинската и службата за сообраќај.
Италијанскиот министер за транспорт, Грацијано Делрио, соопшти дека ќе се проверат најмалку 1.000 возила со дизел мотори од сите брендови, по скандалот со Фолксваген.
Делрио истакна дека проверките ќе се вршат во продавниците пред продажба, што ќе чини околу осум илјади евра по возило.
Италијанската група за заштита на потрошувачите “Altrokonzumo“ најави дека планира заедничка тужба и ги повика Фолксваген да го поправат спорниот софтвер со кој лажно се отчитувала емисијата на штетни гасови или да ги заменат возилата, пренесе АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Норвешка бара 90.000 работници: Работите по 8 часа на ден, а платата ќе ви биде 7 000 евра
-
Влезе во историјата: Новрешка е најуспешна нација на ЗОИ, подобра и од Америка