| четврток, 6 декември 2018 |

Долгот на Хрватска критичен, расте 58 евра во секунда

Јавниот долг на Хрватска расте  дури 443,66 куни (58 евра) во секунда и до крајот на годинава би можел да достигне критична точка од 90 отсто од БДП.

долг

“Последните три хрватски Влади го зголемија јавниот долг 2,5 пати, од 122 милијарди куни (околу 16 милијарди евра) на речиси 290 милијарди куни или 38 милијарди евра“, истакнува Давор Хуиќ, претседателот на хрватското Здружение на даночни обврзници ЛИПА.

Секој жител на Република Хрватска е задолжен за над 67.000 куни, а секое вработено лице над 187.000 куни. Тоа е објавено во првото издание на „Бројач на јавен долг“, што го осмисли Здружението на даночните обврзници, во изборната година, а со цел да ги потсети граѓаните на сериозноста на состојбата и да ја поттикне власта за нејзино решавање.

За да имаат увид во јавниот долг, во Загреб наскоро ќе се појават пет LED дисплеи кој ќе ја прикажуваат состојбата на јавниот долг во реално време. Освен јавниот долг, на граѓаните „Бројачот“ ќе покажува колку е јавниот долг по жител и јавниот долг по вработен, објавија хрватските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top