Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ за централниот дневникот на српскиот национален сервис РТС, на директен начин ги коментираше судирите меѓу двете земји, блокадите на границите, мигрантите и тешките зборови искажани од двете страни.
На почетокот тој се претстави како човек „кој се заложил Србите да ја користат кирилицата во Вуковар“.
Сепак, додаде дека околу одлуката за деблокада се уште може да се предомисли.
–Одлуката е унилатерална, може повторно да ја донесам и тоа затоа што имаме проблеми- посочи Милановиќ кој негираше дека Европа ја притисна Хрватска да ја деблокира границата.
-Јас сум член на Советот на ЕУ, таму јникој не ја спомена Србија, така што не знам кој би можел да врши таков притисок- рече меѓу другото хрватскиот премиер кој директно се закани
-Дали ви е јасно дека Хрватска може да го сопре влезот на Србија во ЕУ? Дали ви е јасно дека јас тоа не го сакам? Ние сакаме нормални односи. српските медиуми последниве денови пишуваат дека сме усташка банда, луди и идиоти. Тоа ме загрижува- се закани хрватскиот премиер на српскиот јавен сервис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.