Американскиот претседател Барак Обама го пречека денеска во Белата куќа кинескиот колега Кси Џипинг, кој се наоѓа во прва државна посета на САД.
Посетата се одржа во време на зголемени тензии поради територијалните претензии на Пекинг во Источното и Јужното Кинеско Море, како и поради наводната улога на Кина во кибер нападите врз американски институции и компании.
Американскиот претседател најави отворени разговори со кинескиот колега за несогласувањата меѓу двете држави, вклучително правата на човекот и кибер шпионажата.
– Државите постигнуваат поголем успех, кога нивните компании се приватно конкурентни и се почитуваат правата на човекот, истакна Обама.
Обама изрази уверување дека ако САД и Кина работат заедно, тие ќе имаат можност да го одредат курсот по кој ќе се движи светот во овој век.
– Посетата на кинескиот претседател на САД ја отсликува историјата на пријателство и соработка меѓу двете земји, нагласи Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.