| четврток, 6 декември 2018 |

Ја славиме уметноста, „Бела ноќ“ во Скопје на 3 октомври

Годинашното 11. издание на манифестацијата „Бел ноќ“ ќе се оддржи на 3 октомври низ градот Скопје. И годинава, како и минатите десет изданија, ќе има безброј изложби, перформанси, инсталации, концерти, бесплатен филмски маратон во Кино „Милениум“ и мултимедијален спектакл.
– На плоштадот „Пела“ на улицата „11 Октомври“ која ќе  биде затворена од 19 часот до полноќ, ќе има настап спектакуларниот мултимедијален колектив „Д строј“! Силни ритми, индустриски звук, уникатен аудиовизуелен перформанс. Пред спектаклот на „Д строј“ скопската публика ќе ја загреат „Д протагонист“ – соопшти организаторот.
stroj
Отворени тематски изложби во речиси сите галерии низ градот, огромна изложба во Музејот на Македонија насловена „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“ дополнета со настап на групата Џоломари од селото Бегниште – василичарски обред со маски.
Концерт на струшките легенди од осумдесеттите „Тело наука совршена“ на платото пред МКЦ, заедно со „Палиндром“, „Милко“, „Фуснота“ и гостите од Тирана „Тајкидо“, уметничкиот перформанс „Времено 52’“ на Антони Мазневски…
– Ќе има 24-часовен бесплатен филмски маратон во кино „Милениум“, бесплатен превоз со автобусите на ЈСП,  многу настани на секој агол низ градот, ја славиме уметноста – велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top