| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на драмата „Пардон“ на Сабин Ревије во МНТ

В сабота, во 18 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) е премиерата на „Пардон“, како работа во процес, резултат на интензивна деветдневна соработка меѓу авторката на драмата Сабин Ревије, режисерот Гиj Деламот и македонските актери.

Kultura-2013-teatar-12-

Во претставата играат Висар Вишка, Весна Гаврил, Драгана Левенска, Борче Начев и Горазд Цветковски.

Станува збор за еден своевиден театарски експеримент – истражување на можностите за интерпретација и поставување драмски текст во интеракција меѓу авторот, режисерот и актерите.

Овој настан е дел од проектот „Пишување и режија, денес“ – фестивал на современи дела кој се реализира во рамки на програмата за уметничка размена на Децентрализираната соработка помеѓу регионот Долна Нормандија (Франција) и Република Македонија, координирана од „Локомотива“, Скопје.

Проектот е резултат на соработката меѓу Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Македонскиот народен театар и Панта театарот од Каен, регион Долна Нормандија (Франција).

Проектот овозможи директна соработка меѓу француски и македонски драмски автори, режисери (Гиј Деламот, Сабин Ревије, Дејан Дуковски, Срѓан Јаниќијевиќ, Нела Витошевиќ, Горјан Милошевки и Мартин Кочовски) и француски и македонски актери; меѓусебно запознавање и промоција на современата француска и македонска драма, превод на три современи македонски драми на француски јазик и нивно поставување пред француска публика („Утерус” на Дејан Дуковски, „Шехерезада” на Срѓан Јаниќијевиќ и „Човекот што не знаеше да каже НЕ!” на Горјан Милошевки) и превод на една современа француска драма на македонски јазик и нејзно поставување пред македонска публика („Пардон“ на Сабин Ревије).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top