-Европската унија ќе биде соочена со голем миграциски бран дури и доколку по некое чудо меѓународната заедница успее да стави крај на конфликтот во Сирија – изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, јави ДПА.
– Да не се самозалажуваме. Денес во центарот на вниманието е Сирија со четири милиони бегалци во странство и осум милиони раселени лица на нејзина територија. Освен Сирија сепак во цел свет има војни, глад, сиромаштија – истакна Могерин за италијанскиот весник „Република“.
– Дури и доколку се случи чудо и утре да го решиме сирискиот проблем, Либија ќе остане отворен и неконтролиран коридор кон Европа, се додека не успееме да ја вратиме стабилноста во таа земја. А освен Либија, тука е и цела Африка – рече таа.
Могерини нагласи дека ЕУ треба да биде подготвена да ги реформира правилата за доставување азил преку квалификувано мнозинство, како што стори оваа недела кога ја донесе одлуката за прераспределување на 120 илјади кандидати за азил, надминувајќи ги спротивставувањата на Чешка, Унгарија, Романија и Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции
-
Могерини: Двете страни не направија горди, нас, Европејците со вин-вин изборот
-
Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија