| четврток, 6 декември 2018 |

Пусиќ: Треба да се намали тензијата меѓу Србија и Хрватска

весна

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ изјави во Њујорк дека Хрватска и Србија, кои поради бегалскиот бран ги блокираат меѓусебно границите, треба колку што е можно побрзо да ги намалат тензиите и да почнат со решавање на бегалската криза.

– Тензијата меѓу Хрватска и Србија е сосема непотребна и сметам дека е неопходно таа веднаш да се намали, но и да се почне со решавање на проблемите во партнерство со државите од ЕУ, но и со земји како Турција- истакна шефицата на хрватската дипломатија.

Пусиќ во Њујорк учествува на 70. заседание на Генералното собрание на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top