| четврток, 6 декември 2018 |

Владо, јас ќе поминам граница со арно или со лошо (ФОТО)

minc_24092015_fejs

Младиот Миодраг Новаковиќ од Осиек на страницата на „Фејсбук“ на Владата на Република Хрватска оставил порака, која набргу добила поддршка од многу корисници.

„Јас имам сватови и на 3 октомври одам по невестата во Нови Сад, без разлика дели ќе го го отворите вие тој Ердут или не, верувајте ми, јас ќе поминам. Со арно или со лошо. Благодарам!“, напиша тој.

mladac_24092015_hinafejs

Српско-хрватската граница во моментов е затворена поради бегалската криза, па од Владата младоженецот добил одговор дека засега граничниот премин ќе остане затворен.

 

За хрватските медиуми Миодраг рекол дека и да остане ваква ситуацијата, тој преку околните земји ќе стигне до Србија, но само му е жал што неколку денови пред свадбата, кога теба да е највесел, му се случуваат вакви работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top