Во рамките на програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура почнаа археолошките истражувања на средновековната црква, која е лоцирана во подножјето на локалитетот Цареви кули во Струмица, информираат од Министерството.
Покрај фактот што остатоците од црквата се евидентирани многу порано, сепак ова подрачје досега не било предмет на археолошки третман. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица ги завршија активностите за расчистување на теренот и отстранувањето на површинскиот слој по што пристапија кон археолошки истражувања на остатоците од објектот, кој датира од средновековието.
Реализацијата на овој проект е во насока на обезбедување прецизни сознанија за хронологијата, архитектонските карактеристики и уметничкиот сликарски опус на црквата. Во рамките на овие истражувања околу објектот се очекуваат и придружни археолошки единици, кои ќе помогнат во евидентирање и на други автентични остатоци од средновековиот период, како повеќеслојна некропола, нови архитектонски структури и слично. Овој проект е од особно значење во насока на оформување на целосен приказ на сите фази на егзистирање, кои ги опфаќаат периодите од праисторија до доцен среден век на микролокацијата Цареви кули во Струмица, но и негова презентација и промоција во научна, научно-популарна и туристичка смисла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст