| четврток, 6 декември 2018 |

Тиквешкиот регион е на нозе, се игра големото дерби меѓу Тиквеш и Вардар

tikves

Тиквешкиот регион е на нозе, а во недела на стадионот во Кавадарци ќе се игра големото дерби на лутите ривали меѓу Тиквеш и Вардар од Неготино.

Ривалитетот меѓу двата клуба и двата града е огромен, а фудбалските натпревари се одлично посетени. Се бара билет повеќе со напомена дека ланското дерби го следеа околу 4 илјади луѓе. И натпреварите се секогаш од висок ризик, па минатата година мораа да интервенираат и силите за брза интервенција за да се спречи инцидент меѓу двете навивачки групи, Лозари, кои го подржуваат Тиквеш и Винари, симпатизерите на Вардар.

Иако е меч од третолигашкото натпреварување, во недела од 15,30 часот сите патишта водат кон Кавадарци на старото дерби меѓу лутите ривали Тиквеш и Вардар од Неготино.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top