По повод 25 септември – Светскиот ден на фармацевтите, Фармацевтската комора на Македонија ја истакнува нивната улога во зачувувањето и одржувањето на здравјето.
Темата на одбележувањето на Светскиот ден на фармацевтите годинава е: „Фармацевт: Вашиот партнер во здравјето“.
На 25 септември во 1912 година е формирана Интернационалната фармацевтска федерација, која ја сочинуваат 32 национални организации, академски институции и индивидуални членови и застапува повеќе од три милиони фармацевти и научници од областа на фармацијата во светот.
– Употребата на лековите е тесно поврзана со фармацијата, фармацевтските знаења и искуства, од каде што произлегува и незаменливата улога на фармацевтите во нивното откривање, произведување и снабдување – се вели во соопштението од Фармацевтската комора на Македонија.
Со ставање во промет на сè повеќе лекови, како што се наведува, улогата на фармацевтите е сè поголема во достапноста на терапијата на пациентите, во безбедноста на нивното лекувањето, во давањето на точни и прецизни информации и во грижата за целото здравје.
Во Македонија има околу 2.500 фармацевти, кои работат во индустријата, контролата и дистрибуцијата на лековите, во образованието, а најголем дел работат во аптеките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст