| четврток, 6 декември 2018 |

Со 7 чекори привлечете ја љубовта во вашиот живот

Фенг шуи е древна кинеска вештина чие основно верување е дека одредени аспекти од животот можат да бидат унапредени или уназадени во зависност од распоредот на објектите во просторот. Па, доколку сакате да ја зацврстите вашата врска или пак, да запознаете нова љубов тогаш треба да ги направите следниве измени во вашиот животен простор.

1. Поставете ги ногалките од мебелот врз тепих

Никогаш не ставајте го сиот мебел до ѕид. Комбинациите на мебелот можат да ја поттикнат комуникацијата, па токму затоа ставете ги барем предните ногалки на тепих и луѓето ќе можат удобно да седнат и разговараат.

2. Опколете се со „дупли нешта“

Доколку сакате да започнете врска, немојте да се опкружувате со осамени елементи. Избегнувајте поставување една столица во просторијата, само еден уметнички цртеж или фотографија на ѕидовите. Многу е важно да креирате енергија на партнерство околу вас, па затоа и ставете пар столици, ноќни шкафчиња, како и друг вид мебел во вашиот живот простор.

3. Поставете фотографии на ѕидовите

Со цел да ја подобрите вашата врска или брак, на ѕидовите во ходникот или други прометни места во вашиот дом поставете фотографии од вашето семејство. На ноќните шкафчиња чувајте ги само оние фотографии каде што сте вие двајца во пар.

4. Организирајте ја трпезаријата во круг

Ако сакате во вашиот дом да привлечете што повеќе љубов, посветете се на најважниот дел од домот – трпезаријата. Масата врз која јадете, поставете ја така што сите членови од домот да можат меѓусебно да се гледаат. Најдобро би било доколку набавите кружна маса, па сите столици да ги поставите околу неа. Симболично, кругот претставува заедништво.

5. Исфрлете ги негативните елементи

Спалната соба треба да биде пријатна. Секогаш затворајте ги сите врати поврзани со неа, како што се вратата од ходникот или тоалетот. Доколку во неа имате дел за седење, поставете ги столиците едни наспроти други. Кога просторот станува сè поголем, луѓето имаат тенденција емотивно да се оддалечуваат едни од други. Исто така избегнувајте ги негативните симболи во спалната соба, како што се уметничките дела со премногу агресија или оружје.

6. Оставете простор за друга личност

Самците го уредуваат животниот простор така што мислат само на своите потреби. Ова особено се однесува на шкафот. Токму затоа немојте да го наполните до крај, почитувајте го просторот и оставете празен дел со цел некоја друга личност да може да го надополни.

7. Додајте нешто розово

Во Фенг шуи, розовата е бојата на врските па токму затоа и најдобро е да најдете начин да ја искористите при декорирање на спалната соба. Таа симболизира љубов, среќа, задоволство и романтика. Вие не мора да ја обоите целата соба розова, туку едноставно да додадете барем мал нежен детаљ со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top