Корисниците на „Фејсбук“ попладнево имаат проблеми со мрежата. Дел од нив не можеа да ги отворат новите постови, додека за голем дел страницата воопшто не беше достапна.
Мрежата не падна само во Македонија, туку на слични проблеми се пожалија и корисниците од Велика Британија, САД, Јужна Кореа…
Oва е вторпат во две недели мрежата да има технички проблеми ширум светот.
Во моментот страницата повторно работи, но на моменти многу побавно од вообичаено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.