45 годишниот Трој Џејмс Кнап кој шест години успешно се криел од локалната полиција по планините во Јута, сам се предал вторникот.
Неколкугодишната криенка очигледно му здосадила, па планинскиот човек на крајот решил да и стави крај на бркотницата. Бегалецот од местото каде што се криел истрелал неколку куршуми во воздух, што го привлекло вниманието на полицајците. Кога дошле до него, тој им се насмеал, ја фрлил пушката на снегот и со нив се пошегувал:
– Момци, навистина ме фативте.
Џејмс бил осомничен дека провалил во десетина монтажни кабини на планината во кои им оставал пораки на сопствениците „одете си од мојата планина“. Тој се соочува со повеќе обвиненија меѓу кои и за пукање во полициски хеликоптер и полицајци на копно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст