| четврток, 6 декември 2018 |

Навики кои се штетни колку и пушењето

Лошите навики не чинат здравје, понекогаш дури и живот, а пушењето секогаш е на врвот од листата на штетни работи за здравјето.Сепак ако ги погледнеме ефектите на некои други навики, ќе утврдиме дека се еднакво лоши за нас.
Да започнеме со неверојатното- готвење на плински шпорет. Верувале или не, тоа е штетно баш колку и пасивното пушење, бидејќи со согорување на плинот настануваат јаглерод моноксид, азот диоксид и формалдехид, исти соединенија кои ги вдишуваме и при пасивното пушење.

Долготрајното седење изразено му штети на нашето тело. Ако седите повеќе од 8 часа дневно, морате да се натерате себеси во секојдневниот распоред да воведете минимално 30 минути движење.

Месото и сирењето се здрави, но во одредени количини, така што, немојте да ја базирате вашата исхрана врз основа на овие две намирници, бидејќи ќе ве наполнат со штетни соединенија. Понекогаш е добро месото да го замените со мешунки, барем два пати неделно, ако мислите дека оброкот без месо не е оброк.

За крај, хронична ненаспаност – шест до седум часа е минимум сон потребен за телото да може да се регенерира, а постојаниот замор ќе ве направи безволни, неподвижни и единственото на што ќе мислите е нездрава храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top