Премиерот Никола Груевски денеска најави зголемување на пензиите и на социјалната помош од пет отсто и во 2016 година.
„На последната седница Владата реши да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална помош и на постојана парична помош, покрај тоа што оваа година помошта што ја добиваат ја зголемивме за 10 проценти, предвивуваме ново дополнително зголемување за наредната 2016 година од нови 5 отсто. Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија, која ја покачивме за 5 проценти, решивме тие да имаат ново зголемување од нови 5 проценти за наредната година“, пишува премиерот Груевски на својот профил на „Фејсбук“.
Тој додава дека станува збор за две одлуки, кои се однесуваат за добробит на многу семејства и граѓани.
„Со ова остваруваме две големи наши ветувања пред граѓаните, со што уште еднаш покажуваме дека за нас дадениот збор е наша обврска, а нашата програма патоказ низ кој се движиме. Продолжуваме да работиме за доброто на сите граѓани и да помагаме секаде каде што можеме“, истакнува премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст